Уште еден Србин баран со потерница "уловен" од македонската полиција -

Српскиот државјанин Стеван Радосављевиќ бил уапсен во Холандија по информација добиена од македонската полиција.

Стеван Радосављевиќ од Ниш бил баран со меѓународна потерница на барање на Србија за убиство во обид а истовремено неговата "глава" ја барала и швајцарската полиција за шверц на дрога.



ЕУ ќе ги засили санкциите против Сирија -

Земјите од Европската унија презедоа нова серија санкции против Сирија заради континуираните и долготрајни репресии, вклучувајќи ја и забраната на комерцијални летеви од земјата, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на дипломати.

-Новите санкции ќе бидат соопштени во понеделник, на средба на европските министри за надворешни работи во Брисел, на која официјално ќе се потврдат серијата мерки, изјави еден од цитираните извори



Кина и Турција потпишаа договори вредни 4,3 милијарди долари -

Кинескиот заменик-премиер Кси Џинпинг изјави денеска на турско-кинескиот бизнис форум во Истанбул дека кинески и турски компании потпишале економски и трговски договори во вредност од 4,3 милијарди долари.

Кси Џинпинг истакна дека Турција станала една од најпривлечните земји во светот и додаде дека трговската размена меѓу Турција и Кина значително се зголемила.



Вардар филм оставен во заборав -

Наместо за снимање филмови, опремата на Вардар филм заборавена во подрум фаќа прашина.

Иако е стара, кога би се исконбинирала со модерната технологија и кога би се споиле искуствата и знаењата на возрасните и еланот за работа на младите, би ја вратила во живот моќната институција по



ВМРО - ДПМНЕ: Јакимовски троши ненаменски буџетски пари -

Општина Карпош ќе издвои 120 000 денари за проект од кој парите ќе завршат кај ќерката на советничка на СДСМ. Владејачката партија обвинува дека Јакимовски по фамилијарни и партиски врски дели граѓански пари. 

 

За СДСМ обвинувањата се бесмислени конструкции и лаги. 



Хамарберг бара да се најде решение за регистрацијата на ОМО Илинден - Пирин -

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг во последните обсервации испратени до бугарската влада заклучува дека ситуацијата со децата ставени во институциите, исто како и заштитата на правата на малцинствата остануваат мотив за загриженост во Бугарија. 

- Ако властите усвоија стратегија и план за акција за разрешување на проблемите, сега е клучен момент тие одлучно да се спроведат, вели Хамарберг. 



Собранието не ги усвои измените на Законот за данокот на додадена вредност -

Собранието на Република Македонија попладнево не ги поддржа измените на Законот за данок на додадена вредност поднесен од пратеникот Изет Зеќири, во рамки на 23. седница.

Во рамки на расправата пратениците од парламентарното мнозинство останаа на оценките дека предложеното законско решение не е прифатливо, оти е популистичка и оти со него нема да се постигне поголем



Почнува одбројувањето до ноќта на Оскарите -

Дрвото на животот, Полноќ во Париз, Уметникот, Потомци. 9 остварувања годинава се надеваат на Оскар за најдобар филм. 

Најдоброто од Холивуд и кинематографската индустрија по 84 пат ќе се собере на едно место. Најмногу номинации за оскар имаат филмовите Иго на Мартин Скорсезе и Уметник на Мишел Азанавичиус.



Утре температури до 15 степени -

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со температура до 10 степени.

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини.

Температурата ќе се движи од шест до 15 степени.



Грција ќе банкротира до есен?! -

На Грција не и е доволен ниту вториот пакет помош и би можела да банкротира до есен, сметаат економистите. Велат дека земјата не може да излезе од кризата без структурни реформи кои ќе обезбедат раст. 

Ригорозните мерки за штедење кои во моментов се спроведуваат го спречуваат токму тоа.